понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 105
home Вести

Германските експерти за еден ден го завршија увидот во тетовската модуларна болница

Германските експерти за еден ден го завршија увидот во тетовската модуларна болница

За само еден ден, германските крим-техничари ангажирани за да ги истражат причините за катастрофалниот пожар во тетовската модуларна ковид-болница, го завршија увидот, потврдиле од Јавното обвинителство за ТВ24.

Доказите кои ги собраа Германците ќе се вештачат во лабораториите во нивната земја, по што тие треба да ги достават резултатите во Јавното обвинителство во Тетово.

Во исто време, Обвинителството за организиран криминал и корупција ја „чешла“ документацијата за јавните набавки на сите модуларни болници, меѓу кои и за тетовската.

-Обвинителството за организаран криминал и корупција е надлежно само во делот на јавната набавка и само тоа ќе се проверува, дали се испочитувани процедурите. Оваа набавка одела и според посебен закон кој го има донесено Владата. И само тоа е наша надлежност, другото не, изјави обвинителката Вилма Русковска.

Локални избори 2021