сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 36
home Вести

Германскиот министер за Европа: Дискусијата за Македонија е „многу разочарувачка“

Германскиот министер за Европа: Дискусијата за Македонија е „многу разочарувачка“

Германскиот министер за Европа Михаил Рот лут излезе од состанок на Советот на ЕУ во Луксембург  им довикана на новинарите дека дискусијата за Македонија била „многу разочарувачка“, но одби да каже зошто.

Не се знае е дали е постигнат некаков договор, јави известувачот на МИА од Луксембург.

Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

– Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.

На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот истакна дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист.

(Миа)

Коронавирус