понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Германскиот амбасадор Герберих: Освен плата и поголем животен стандард на луѓето во Македонија им недостига и правна сигурност

Германскиот амбасадор Герберих: Освен плата и поголем животен стандард на луѓето во Македонија им недостига и правна сигурност

Германија и Франција пред 57 години го потпишаа Елисејскиот Договор со кој што се помирија двете земји и почнаа заеднички да ја градат Европската Унија. По повод годишнината, амбасадорите на двете земји во Македонија, Кристиан Тимоние и Томас Герберих, беа гости во „Што не е јасно„ на Алфа телевизија.

На прашањето колку е важно владеењето на правото за добивање на брз датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ во Загреб, германскиот амбасадор одговори дека владеењето на правото е централна тема и дека тоа се значајните и клучни реформи кои што се очекуваат од Македонија да ги спроведе за да се стане член на ЕУ.

– За граѓаните на Македонија е многу важно да има владеење на правото. Гледаме колку луѓе ја напуштаат земјата, тоа го гледам актуелно секое утро кога доаѓам во германската амбасада. Го гледам големиот ред пред амбасадата, ги гледам сите оние коишто поднесуваат барање за добивање на работна виза. Мислам дека освен плата и поголем животен стандард, им недостига и правната сигурност. Тоа е реформа која што треба прва да се спроведе, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих.

Францускиот амбасадор Тимоние пак, изјави дека во моментов се очекува Македонија да ја дефинира првата етапа, односно да ја дефинира методологијата, па потоа да се разговара за прашањата за добивање на датум за преговори.

– Прашањата за добивање на датумот кај нас се вртат околу две прашања. Прво, повторно да се види извештајот за напредокот на земјата од областа на човековите права и правната држава и втората точка е тој конкретен Закон за јавно обвинителство. Тој е многу важен затоа што со него би можело да се даде можност да се третираат и стари и нови предмети кои што ја трујат политичката клима. Многу е важно големите политички партии да успеат да се договорат за тоа прашање, посочи францускиот амбасадор Тимоние.

Коронавирус