сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Германската амбасада со донација од околу 2,5 милиони денари ќе ги поддржи центрите за лекување од Ковид -19

Германската амбасада со донација од околу 2,5 милиони денари ќе ги поддржи центрите за лекување од Ковид -19

Германската Амбасада оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.

Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.

Воедно, на медицинскиот персонал му посакуваат и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување.

Коронавирус