понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 111
home Вести

Герила акција на Комити пред Влада и Град Скопје (ФОТО)

Герила акција на Комити пред Влада и Град Скопје (ФОТО)

Спас за Вардар, одговорност за пропаста од градоначалникот Петре Шилегов, газдата Сергеј Самсоненко и најбогатиот македонски бизнисмен Орце Камчев, како и Вардар е срце скопско беа трите пароли што осамнаа денеска пред Владата на Македонија, градост Скопје во градскиот парк, како и пред тренинг-комплексот на црвено-црните.

Комитска герила акција имаше денеска на низа локации со прашања за спас и барање на одговори откако црвено-црните се буквално пред пропаст, откако клубот се заглави во долгови од скоро четири милиони евра, со блокирана сметка и без никаква најава, ниту потег за расчистување на ситуацијата, по која клубот веќе почнаа да го напуштаат фудбалерите, а си замина и првиот тренер Александар Васоски по шест години во клубот.

Вардар ги преживува најтешките денови со голема неизвесност на што ќе остане од јануари, зашто во најава е дека и најголемиот дел од фудбалерите што некако ја истуркаа оваа есенска полусезона ќе си заминат, а клубот летово во „пет до 12“ едвај скрпи тим за да игра во новата сезона во која е бранител на шампионскиот трон, откако целиот тим на првакот се распадна и најголемиот дел од фудбалерите си заминаа.

Извор: Спорт1.мк

Коронавирус