понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 149
home Вести

Герасимовски призна дека за добар попис се даваат препораки 5 години пред самото попишување

Герасимовски призна дека за добар попис се даваат препораки 5 години пред самото попишување

Главниот проблем се однесува пред се на самите подготовки. Значи подготовките бараат временски период за да се подготви навремено и се да биде во еден подготвителен период кој што треба да се направат сите проби, тестирања за да може тоа да профункционира. Затоа не случајно може на два дела да се каже во темава на расправа и оваа да речеме битни се донесените препораки за попис и битен е законот. Бидејќи од законот произлегуваат многу обврски кои што се дадени во препораката, објаснува Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС при гостување на 1ТВ.

Герасимовски образложува дека мора да се направат темелни подготовки, широка и јавна транспарентност, дебата, советувања кои што би довеле до едно комплексно решавање на овој севкупен проблем.

-Бидејќи самите препораки не случајно се даваат 5 години пред попис. Да имаме временска димензија да земјите се подготват организациски, да земјите се подготват по тие спомнати препораки кои се околу 200 страни, односно 768 параграфи за население. За секој дел од карактеристиките кои што се наведени во самите препораки се дадени 5 до 10 страни како воведен дел што значи секоја карактеристика, секој белег внатре кој што е даден, потенцираше Герасимовски.

Коронавирус