вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 55
home Вести

Георгиев: Во јуни како што изгледа работава нема да добиеме почеток на преговори

Георгиев: Во јуни како што изгледа работава нема да добиеме почеток на преговори

Гордан Георгиев, во своето гостување во Централниот дневник на 1ТВ рече дека се поочигледно е дека Македонија во јуни нема да добие датум за преговори. Дури појасни дека Хан е прилично дубиозен во неговата сегашна позиција.

-Бидејќи ветуваше практично дека ќе отпочнеме преговори но тој има објективни проблеми како еден од Комесарите за проширување, тој има проблем со земјите членки ние ги знаеме тие проблеми. Таму има сериозни кочници не за Македонија пред се, туку проширувањето како такво, заради нивните национални тензии внатре, во самите држави членки, вели Георгиев.

„И ние најверојатно во јуни како што изгледа работава дека нема да добиеме почеток на преговори, тоа ќе биде силен ветер во полза на опозицијата. Јоханес Хан имаше една изјава која според мене е крајно непримерна пред десетина дена каде што рече дека одлично е што го решивте проблемот за името, одлично е што ги имате реформите на хартија и законите, ама за да добиете датум за преговори во јуни треба да го смените менталитетот. На Јоханес Хан треба да му е јасно дека менталитет не се менува за 6 месеци, менталитет не се менува ни за 10 години. Тоа е фрлање прав во очи, појасни Георгиев.

Коронавирус