сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 56
home Вести

Георгиев: Ова со Артан Груби навестува нов институционален аранжман во политичкиот систем во Македонија

Георгиев: Ова со Артан Груби навестува нов институционален аранжман во политичкиот систем во Македонија

Овој аранжман што се случува особено сега кој што почна со синтагмата премиер Албанец, премиер од ДУИ и со прв вицепремиер, конкретно Артан Груби навестува дека можеби влегуваме во некакви во некакви нови институционални аранжмани во политичкиот систем во Македонија, изјави Гордан Георгиев поранешен пратеник и потпретседател на СДСМ, во Клик Плус, на Тв 21.

Тој вели дека како ќе изгледа тоа не знаеме, но дека Македонија е држава која што има дури и по теорија консоцијални елементи.

-Ние не сакаме да го кажеме зборот консоцијална држава бидејќи не асоцира дека ќе се федерализира, распадне. Да речеме има коалиција која е секогаш помеѓу Македонци и Албанци. Право на вето од страна на заедниците кое не е формализирано, Артан Груби сега најавија дека ќе има право на вето. Пропорционална застапеност која ни е дадена од Охридскиот договор, потенцираше Георгиев.

Според него ова може да доведе во комплетна дезинтеграција во политичка смисла, да се одвојат Албанците од Македонците во политичка смисла, безразлика што живееме во сита држава.

-Гледајте го Али Ахмети кој му е наративот, кој е прилично тврд етнички, наспроти името на неговата партија. Тоа го тера мек премиер како Заев да се врати кон етничкото, да мора да се врати, нагласи Георгиев.

Коронавирус