четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 196
home Вести

Георгиев: Она со метлата која Дац му ја дава на Зоки била договорена работа, тој што ја договорил или не разбира или типично, мести

Георгиев: Она со метлата која Дац му ја дава на Зоки била договорена работа, тој што ја договорил или не разбира или типично, мести

Поранешниот пратеник и висок функционер на СДСМ Гордан Георгиев во својата најнова колумна за Дојче Веле прави анализа на првиот круг од претседателските избори како и на последните потези на Соцојалдемократскиот сојуз.

„Со симболичното подавање на метлата од страна на само-изметениот Дац кон главниот метач (кој ништо не успеа да измети до сега) почна една од најглупавите ПР кампањи со цел да се покрие неизметеното ѓубре напикано помеѓу расклатените фуги на бродскиот под на палубата на коработ кој навистина би можел да потоне доколку некому не му текне дека сидрото а не едрото е крајната смисла на патувањето. Едрото служи како погонско гориво на патувањето, но сепак патуваш за да стигнеш некаде, најчесто на поубаво, и конечно да се усидриш за да ти биде добро. Бесмисленото талкање со полни едра, без компас и без карта, и без Пенелопа која те чека дома, најчесто завршува со удар во подводна карпа. Ако, пак, она со метлата која Дац му ја дава на Зоки била договорена работа, тој што ја договорил или не разбира или типично, мести. Таа метла ќе биде симбол на неуспехот на оваа влада и можат слободно да си ја стават во витрините. Освен ако…“

Целата колумна ТУКА.

Најнови вести

Локални избори 2021