четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 31
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Геодетските експерти од Европа во Скопје: Mодерни техники и технологии за унапредување на дејноста

Геодетските експерти од Европа во Скопје: Mодерни техники и технологии за унапредување на дејноста

Комората на трговци поединци кои вршат геодетска дејност и трговски друштва за геодетски работи е домаќин на меѓународен настан, Генералното собрание на Советот на геодети на Европа, кој за прв пат се одржува во нашата земја. На настанот учествуваат членови на Комората, седумдесетина претставници на геодетски асоцијации и комори од повеќе европски држави како и претставници на надлежните институции.

– Примената на новите и модерни техники и технологии значително ја унапредува дејноста и ја зголемува ефикасноста на геодетското работење. Но сакаме да истакнеме дека потребно е да се создадат подобро деловно окружување во нашата земја за да може да се постигне одржливост на оваа професија. Предизвиците со кои се соочува приватниот геодетски сектор во секојдневното работење за жал нема да се надминат со предложените нови законски решенија. Настанот кој го организираме има и за функција да ги прикаже добри практики во работењето на приватниот геодетски сектор кои постојат во другите држави, а кои може да бидат пресликани и во нашата земја, истакна Никола Рибароски, Претседател на Комората на геодетски.

Имајќи ја во предвид заложбата на Комората, да ги штити интересите на своите членки, но и да допринесе за перманентно подигнување на нивните капацитети и вештини, се организира и на семинар, под наслов „Нови технологии и добри практики во геодезијата”, во чија организацијата се вклучени Советот на геодети на Европа, Градежниот Факултет – Скопје и Сојузот на стопански комори. На семинарот, поделени во две сесии, свое излагање имаат светски реномирани производители на геодетска опрема и гео-систематски решенија, преку своите претставништва во нашата држава, како што се Leica, FARO, GDi и RUIDE, но и презентери од неколку европски држави, во чии земји е воспоставена добра геодетска практика.

Советот на геодети на Европа (CLGE) е здружение кое ги претставува и промовира интересите на геодетската професија од приватниот и јавниот сектор, ширум Европа. Преку CLGE, се врши промовирање и размена на техничко, научно, образовно и организациско know-how знаење помеѓу членките, но и со сите други релевантни европски и меѓународни организации.

– Силно веруваме во важноста на геодезијата за општество пошироко како и во заедничките проекти и активности како што е оваа во Скопје преку кои ги споделуваме современите трендови на професијата. Сакам да истакнам и дека Комората на геодети, која е домаќин на настанот е силен и посветен член на Советот на геодети и дава значаен инпут во нашата работа, истакна Владимир Крупа, претседател на Советот на геодети на Европа.

Коронавирус