среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 90
home Вести

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на работни средби низ Македонија (ФОТО)

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на работни средби низ Македонија (ФОТО)

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, извесен период е интензивно активен со континуирани посети  на општинските и месните комитети на партијата низ Македонија.

Тој преку најразлични средби и состаноци со членовите ги пренесува идните чекори на партијата, како и разговара за проблемите и потребите на граѓаните.

Изминатиов период Јанушев посети повеќе комитети помеѓу кои се и Бутел, Аеродром, Штип и Велес.

При посетата во  Чучер Сандево, Јанушев оствари средба со граѓаните на оваа општина. Со членовите се одржа состанок во ОК на Чучер Сандево.

Генералниот секретар на работна средба  присуствуваше во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба. На средбата имаше пренесување и размена на идеи и предлози за подобро работење на паријата и ОК Гази Баба.

Исто така, Јанушев го посети и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.

На својот Фејсбук статус, Генералниот секретар, Игор Јанушев напиша дека особена е честа да одржи состанок во одлична атмосфера со членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

По овие комитети, Јанушев оствари средби и во Ново Село, Босилово, Василево и Радовиш.

Во присуство на голем број на членови и во одлична атмосфера, Јанушев оствари средба и во oпштинските комитети на Аеродром и Бутел.