петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Генералниот секретар на ЕПП (Европска народна партија) со поддршка за новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ЕПП (Европска народна партија) со поддршка за новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ЕПП, најголемата и владејачка партија во ЕУ и Европа,  Антонио Лопез Истуриз преку својот Твитер денеска му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот нов статут.

Имено тој направи ретвит на твитот на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ кој напиша дека ако се стремиме да бидеме дел од Европската унија ние мораме прво да ги имплементираме демократските стандарди во земјата и партијата.

Според него овој чекор и новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ е прогресивен чекор за исполнување на демократските цели на сестринската партија ЕПП.

Од редовите на ЕПП, најбројна партиај во Европскиот парламент се и главните функционери на ЕУ и ЕК, а најголемиот број претседатели и премиери (зависно од политичкиот систем) во Европа и членките на ЕУ произлегуваат токму од оваа партија.

Коронавирус