петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Геј, лезбејки и трансексуалност – дел од емисијата за млади која во ударен термин се прикажуваше на МРТВ

Геј, лезбејки и трансексуалност – дел од емисијата за млади која во ударен термин се прикажуваше на МРТВ

Вчера на Македонската радиотелевизија во емисијата за млади „Моја сторија“ се зборуваше за ЛГБТИ заедницата, каде гостуваа Ивана Костовска – социјален работник во Сигурна куќа и Скопски квир центар, Давид Тасевски – психолог, програмски директор на Субверзивен фронт, Лила Милиќ – активистка за правата на трансродовите лица и сексуалните работници и Кочо Андоновски – програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка, пишува Република.

Во најавата за самата емисија, направена е и анкета помеѓу младите во Охрид, кои одговараат на прашања за љубовта помеѓу две лица од ист пол, а промо видеото кое постојано одеше на МТВ и се споделуваше на социјалните мрежи, завршува со изјавата на младо момче кое вели „Сакам да го сакам својот дечко во јавноста без некој да ме нападне. Предмалку тоа беше отстрането од страницата МРТ1 Промо на „Фејсбук“ откако собра многу негативни коментари од граѓаните.

Скришотови и видеа од емисијата денеска ги преплавија социјалните мрежи. Јавноста е запрестена што вакви содржини се пласираат во ударен термин во емисија наменета за малолетни лица.

Најнови вести

Коронавирус