понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 110
home Вести

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија во целост ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски (Боки 13), Сашо Дуковски, дека не сакале да го прегледаат неговиот клиент и дека некои од колегите се шегувале со неговата здравствена состојба.

-На пациентот Б.Ј. му беше закажан преглед во понеделник (18.11.), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не беше донесен на Клиника. Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за Стручниот колегиум на Клиниката, сепак, е најбитно и дека ќе биде постапено согласно неговата здравствена сосотојба, како што налага медицината базирана на докази, се вели во реакцијата од клиниката за гастроенетрохепатологија.

Коронавирус