вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 63
home Вести

Гаши вели дека неговата партија никогаш не кажала лош збор за оваа Влада

Гаши вели дека неговата партија никогаш не кажала лош збор за оваа Влада

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој денеска со премиерот Зоран Заев потпиша програма за влез на неговата партија во Владата, изјави дека никогаш не кажал лоши зборови за овој владин кабинет.

Во нашиот вокабулар и политички речник на комуникација со јавноста, ниту јас, ниту претседателот на Алијанса за Албанците, но исто така ниту највисоките партиски претставници, никогаш нема да најдете никакво официјално соопштение во кое сме употребиле груби зборови за Владата. Ние имавме свои забелешки. Не мислам дека владата во која влегуваме е совршена. Да беше, ќе немаше потреба ние да бидеме тука“, изјави Гаши по потпишувањето во Клубот на пратеници.

Премиерот Зоран Заев изјави дека мнозинството е „гаранција за предизвиците пред кои сме исправени со консултации и искрен пристап се здруживме околу заедничката определба за функционирање на институциите со полн капацитет“. Според него, постигнатиот договор е гаранција дека имаат мнозинство за почеток на преговори за членство во ЕУ, изнаоѓање на решенија со Бугарија, ковид-пандемијата и енергетската криза.

Коронавирус