понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 119
home Вести

Гаши избран за нов лидер на Беса, крилото на Касими го оспорува Конгресот

Другиот табор на движењето БЕСА, предводен од Биљал Касами тврди дека конгресот на партијата ќе се одржи на 24-ти февруари, датум кој според нив е едногласно изгласан од советот на партијата.
Гаши избран за нов лидер на Беса, крилото на Касими го оспорува Конгресот

Скопскиот табор на движењето БЕСА вчера го избра Африм Гаши за нов претседател. Од вкупно 575 делегати, за него на конгресот во Тетово гласале 522. Гаши ветил дека отсега БЕСА ќе биде партија на сите народи што живеат во Македонија и што ги бараат своите права.

Според него, приоритет ќе бидат евроатлантската интеграција на земјата, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија и за редефинирање на земјата.

Другиот табор на движењето БЕСА, предводен од Биљал Касами тврди дека конгресот на партијата ќе се одржи на 24-ти февруари, датум кој според нив е едногласно изгласан од советот на партијата.

-Собирот претставен како партиски Конгрес нема врска со Движењето Беса и нејзината легитимна и легална структура. Доволно е да се види целосната слика, за тоа кој од поканетите беше во првите редови, а кој во позадина, слободно може да се констатира дека таа група е едноставно собир на здруженија кои се диригираат само од еден центар кој нема врска, не само со Беса туку ниту со Албанците, реагираа од таборот на Касами.

Коронавирус