недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

ГАК се огласи со своја верзија за скандалот на Клиника

Директорката на клиниката, Викторија Јовановска, во изјава за Плусинфо вели дека таткото го видел бебето и вчера, но и денеска после 16 часот.
ГАК се огласи со своја верзија за скандалот на Клиника

Откако Сител телевизија сними и објави изјава на татко кој тврди дека е исчезнато неговото женско новороденче на Клиниката за гинекологија во Скопје, директорката на клиниката за Плусинфо ја раскажа и другата страна на приказната.

Според тврдењата на таткото, бебето што го видел тој вчера по раѓањето не е истото што му било покажано денеска, затоа што било означено со погрешно презиме. Поради тоа, тој се сомнева дека тоа новороденче е неговата ќерка.

Од Министерството за здравство излегоа со информација дека по спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста.

Директорката на клиниката, Викторија Јовановска, во изјава за Плусинфо вели дека таткото го видел бебето и вчера, но и денеска после 16 часот.

– Мајката која го родила бебето е породена вчера со царски рез и затоа до 16 часот денеска се наоѓаше на интензивна нега. Детето е добро и вчера му е покажано на таткото. Денеска, лекарскиот тим на гинекологија (педијатарката, медицинската сестра и гинекологот) го замолиле таткото да причека до 16 часот кога мајката ќе биде префрлена на одделение и бебето ќе биде со неа, па тогаш да го види. Педијатарката која денес е дежурна 24 часа е надлежна 50 бебиња, меѓу кои има и бебиња во покомплицирана состојба, па го замолиле да причека и му објасниле дека така е поедноставно. Таткото во меѓувреме, кршел на приемното одделение и се заканувал, по што била повикана и полиција и адвокат. После 16 часот, таткото го видел бебето – вели директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска.

Коронавирус