петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ГАК: Ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше во животнозагрозувачка состојба

ГАК: Ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше во  животнозагрозувачка состојба

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.

-Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ – одделението за интензивна нега и терапија се стабилни. Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот, информираат од ГАК.

Оттаму ја уверуваат јавноста дека ниту еден процес на клиниката не бил загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија.

Коронавирус