понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Вести

ГАК: На пациентките кои немаат итност ќе им бидат откажани прегледите

ГАК: На пациентките кои немаат итност ќе им бидат откажани прегледите

По донесените мерки од Владата во функција на превенција од ширење на корона вирус, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје упатува апел до пациентките кои имаат закажано преглед преку „Мој термин“, да се јават на преглед само во исклучително нужна и итна ситуација, со цел намалување на приливот на пациенти, редуцирање на метежот по амбулантите и превенирање од ширење на Ковид-19, информираат од Клиниката.

Апелот особено важи за категоријата на пациентки од над 65-годишна возраст, кај кои е највисок ризикот при евентуална зараза со коронавирусот.

-Заради утврдување на итноста од преглед на пациентките, ЈЗУ У ГАК ќе испрати циркуларно писмо до матичните гинеколози, кои ќе треба да прават строга селекција на итност согласно состојбата на пациентките. Службата за известување при ЈЗУ У ГАК телефонски ќе ги информира пациентките за откажување на прегледите кои не подразбираат итно доаѓање на клиниката за преглед, објаснуваат од ГАК.

Од Клиниката апелираат пациентите целосно да ги почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство.

Коронавирус