среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Гајзер: Мафијашки систем владее со Македонија, Заев не знае да води држава, а Мицкоски е иден премиер и сите сметаат на него

Гајзер: Мафијашки систем владее со Македонија, Заев не знае да води држава, а Мицкоски е иден премиер и сите сметаат на него

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер во интервју за Алфа ТВ, вели дека уште од средношколските денови почнал да се интересира за Македонија и македонското прашање.

Гајзер во Македонија е познат по тоа што ја откри аферата „Рекет“ и објавуваше видеа за овој случај, а сега открива како првпат ги добил материјатлите со кои го обелодени случајот.

Неколкупати ја посетил Македонија, а материјалите ги добил од пријателите кои ги стекнал тука, а тимот на „Ла верита“ бил доволно храбар за да ги објави.

-Сите прашуваат дали имаме уште документи, Да, се уште истражуваме неколку случаи, можам да ви кажам отворено, но ова му кажав и на вашиот министер за надворешни работи, вие имате ги имате сите материјали, вашите политичари, вашите креатори на мислења, вие имате се. Ако јас ги имам, тоа е затоа што и некој друг ги има, рече новинарот и додаде:

„Сите знаат каков мафијашки систем владее со земјата, токму поради тоа засега нема да објавиме други информации, бидејќи ги почитуваме нашите извори и нивната безбедност“.

Според него, Зоран Заев нема елементарно знаење како да се води држава.

-Тој се води од лични интереси, не само за него, тоа е голема меѓународна мрежа. Ова е мое лично мислење, но како стручњак за меѓународни односи, можам да кажам дека вашата држава во моментот не функционира токму поради власта, која се грижи само за сопствените интереси, подвлече Гајзер и додаде:

„Вашата држава не функционира, имате режим. Нема да кажам со кого се среќавам тука, токму поради тоа, поради нивната безбедност“.

Меѓудругото тој истакна и дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е веројатниот иден премиер и сите сметаат на него.