петок, 5. август 2022. Вести денес: 85
home Вести

Габриел Бајрам останува уште 30 дена во притвор, судот смета дека може да избега

Габриел Бајрам останува уште 30 дена во притвор, судот смета дека може да избега

Габриел Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам, доби нови 30 дена притвор. Тој останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела, дознава „Скопје1.мк“. Тој е осомничен дека сторил насилство, а Обвинителството во Скопје смета дека може да избега и да биде недостапен за правосудните органи.

Кривичниот суд смета дека ова е исправно и дека постојат основни сомневања кои го потврдуваат ставот на Обвинителството. Ова значи дека Бајрам ќе остане во притвор до септември.
Големо влијание на судската одлука за продолжување на притворот е тоа што Габриел Бајрам е осудуван. Тој и порано бил пријавуван за слични дела, но ги повторувал истите.

Коронавирус