вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 15
home Вести

Фросина Ременски со закана за Иванов: Доколку не потпише по втор пат, постои Уставниот Суд

Фросина Ременски со закана за Иванов: Доколку не потпише по втор пат, постои Уставниот Суд

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски потсети дека по повторното гласање на Законот, претседателот е должен да го потпише согласно член 75 од Уставот.

Ременски вели дека доколку претседателот одлучи да не го потпише и по вторпат Договорот, тој свесно го крши Уставот и ќе го наруши правниот и политичкиот систем во државата, и сериозно се меша во надлежностите на Законодавниот дом, за кој, како што рече, нема право.

-Поради сето ова, ваквото однесување на претседателот може да биде предмет на правни лекови во Собранието, тука мислам на импичментот, но и Уставниот суд и други надлежни институции имаат право, но и обврска да поведат постапки, рече Ременски.

Ременски му реплицира на шефот на државата кој пишува дека „спогодбата ја доведува Макеоднија во полжба на потчинетост спрема друга државата, што е кривично дело според член 308 од Кривичниот законик“.

-Прашањето може да го поставиме и вака: Дали претседателот, ставајќи се во интерес на други центри на моќ, не станува очничар на евроатлантската иднина на земјата и нели, може овој член да се однесува и на Претседателот на републиката, кажа Ременски.

Претседателот на државата Иванов одби да го потпише Указот за прогласување на Договорот со Грција, зашто спогодбата била спротивна на Уставот.

Коронавирус