среда, 18. септември 2019. Вести денес: 31
home Вести

„Фросина Ременски нема никакво морално право да бара оставки од некого“

„Фросина Ременски нема никакво морално право да бара оставки од некого“

Дали сопругот на Фросина Ременски е креаторот на фалсификуваните службени белешки со кои се вршеше политички прогон и со кои неосновано се испраќаа во притвор политичките неистомисленици? прашуваат од ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение.

„Дали сопругот на Фросина Ременски беше незаконски унапреден за седум скали нагоре само заради нејзиниот и неговиот политички ангажман?

Дали Фросина Ременски предлагаше апсурдни амандмани само за да може нејзиниот сопруг да биде поставен за прв човек на безбедносните служби, иако не знае англиски јазик? Тоа ли беше причинат Фросина Ременски да бара укинување на овој услов?

Фросина Ременски нема никакво морално право да бара оставки од некого.

Фросина Ременски и нејзиниот сопруг треба да си поднесат оставки за да се истражат злоупотребите кои ги имаат направено овие две години“ стои во партиското соопштение.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека ставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник е уште еден класичен обид на власта за манипулација со граѓаните. Обид за замајување на јавноста со единствена цел јавноста да го занемари фактот дека до обвинителството се уште не допре гласот, за тоа како Богоевски порачува нелегална психотропна супстанца.

„Правната држава во Македонија СДСМ ја укина, граѓаните не се еднакви пред законите, за функционерите од власта истите не важат. Богоевски ја потврди веродостојноста на снимката, а притоа и јавно на својот Фејсбук профил призна дека набавувал нелегална психотропна супстанца, за ваквиот негов чин тој мора и кривично да одговара.

Сепак граѓаните се свесни дека со Рускоска обвинителство и Кацарска судство, правда во Македонија не може да има. Правдата во Македонија ќе се врати моментот кога Зоран Заев ќе си замине од премиерската фотелја, ќе се врати правото кога судството ќе се ослободи од стегите на власта на СДСМ. Кога Зоран Заев ќе си замине секој кој што се огрешил пред законот од неговата криминална банда ќе одговара, а ќе одговараат и оние кои во моментов го амнестираат криминалот на власта“ нагласуваат од ВМРО- ДПМНЕ.