недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 6
home Вести

ФРИДОМ ХАУС: Македонија во слободата е во друштво со Мадагаскар, Косово и Украина

ФРИДОМ ХАУС: Македонија во слободата е во друштво со Мадагаскар, Косово и Украина

Македонија е делумно слободна земја, оценува во најновиот извештај за слободата во светот американската невладина организација „Фридом Хаус“.

Во извештајот за 2019 година, Македонија, на скала од еден до седум, каде еден е најслободна, а седум најмалку слободна, е оценета со 3, додека според политичките права со 4, а според граѓанските слободи со 3,5.

Со вкупен скор од 59 поени Македонија годинава се наоѓа во друштво на земји како Украина, Молдавија, Црна Гора, Косово и Мадагаскар.

Во однос на политичките права и граѓанските слободи Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска бележат одредено назадување во однос на минатата година, додека мал напредок има во Македонија и Косово. Во Албанија состојбата останува непроменета.

Од регионот како слободна земја се оценети Хрватска, Грција, Бугарија и Романија, додека како делумно слободна се Србија, Црна Гора Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.

Според вкупната оценка во регионот најдобро рангирана е Грција со 87/100, по што следат Хрватска 85/100, Романија 81/100, Бугарија 80/100, Албанија 68/100, Србија 67/100, Црна Гора 65/100, Макеоднија 59/100, Косово 54/100 и Босна и Херцеговина 53/100.

„Фридом хаус“ оценува дека глобално слободата и демократија веќе 13-та година по ред има тренд на намалување. Пад има во разни земји во сите региони во светот, од долгогодишни демократии како што се САД, до цврсти авторитарни режими како Кина и Русија.

Од 196 држави во светот опфатени со извештајот, 86 се слободни, 59 се делумно слободни, а 50 не се слободни. Наслободни држави се Норвешка, Шведска, Финска, Канада и Холандија, а најмалку слободни се Сирија, Туркменистан, Еритреја, Јужен Судат и Северна Кореја.