вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Фрчковски за заменик министерот на СДСМ: Со изгубен тип што се смее и глупира нема реформи во судството

вие го имате од еднаш оној изгубен тип на заменик министер во правда, се смее , се глупира и незнае уствари што се дешава уопште во областа. Најважната работа на реформите во правосудството. Ајде оставете го министерот на ДУИ, сосема тргнете го на страна министерот за правда на ДУИ. Проблемот на СДСМ е тоа што тој мора да направи мотор кој што е одговорен за целата реформа кој може да ја менаџира, кој што разбира што се случува. Тој појма нема со што се бави., рече Фрчковски
Фрчковски за заменик министерот на СДСМ: Со изгубен тип што се смее и глупира нема реформи во судството

Љубомир Фрчковски во емисијата Топ Тема го изрази своето незадоволство од кадровските решенија на СДСМ кои треба да ги прават реформите во судството и како што тој вели „девмроизација“ на државата.  Тој за пример го зема заменик министерот за правда од редовите на СДСМ, Оливер Ристовски, кој според него е третокласно кадровско решение.

-Тоа не можете да го направите со третокласни решенија во правда. Не смеете тоа е скандал. Зборувам за сдсмовските решенија. Тие ме интересираат. Затоа што тие решенија можат да ја изведат реформата. Независно од овие проблеми кои оправдано ги лоцираме кај ДУИ и во инсталацијата на ДПМНЕ. Они мораат да бидат екипа која е доволно силна и спремна да влезе во таа операција. И вие го имате од еднаш оној изгубен тип на заменик министер во правда, се смее , се глупира и незнае уствари што се дешава уопште во областа. Најважната работа на реформите во правосудството. Ајде оставете го министерот на ДУИ, сосема тргнете го на страна министерот за правда на ДУИ. Проблемот на СДСМ е тоа што тој (заменик министерот за правда) мора да направи мотор кој што е одговорен за целата реформа кој може да ја менаџира, кој што разбира што се случува. Тој појма нема со што се бави. Тој влегува во филмот и од моето искуство, тој уствари разбрал дека треба да биде војник на меѓународната заедница и дека тоа нешто треба да спроведува што ќе му кажат. Он сега нема појма што работи. И практично еден дел од реформите се упропастени од лошиот менаџмент на СДСМ во правда. На крај Бејли ќе му рече „те молам не ме брани ти, нека ме брани некој друг“. Ако може пософистицирано да ги преведе тие мисли. Начинот на кој целата реформа е изведена е фактот дека тие не знаат што треба да направат, истакна Фрчковски.

Тој исто така го разби митот со кој владеачката партија изминатите месеци се правдаше дека опозицијата со блокадата на парламентот го блокира реформскиот процес. Фрчковски забележа дека има голем број на законски решенија за кои не е потребно двотретинско мнозинство, а кои можат да се донесат и да ја подобрат состојбата во судството.

-Гледате сега споменуваат судството е проблем, обвинителството. Судството и обвинителството е огромен механизам. Они може да издвојат дека таму една централна точка која треба да ја притиснат и сменат. Не им треба се во судството, не им требаат двотретинските закони ниеден сега на пример. И тоа не може ниту еден од нив да го каже, не го знаат, не го расправаат, додаде тој.

Професорот Љубомир Фрчковски го критикуваше и новото тело за надзор на судството чиј претседател ќе биде премиерот Заев.

Во однос на ова прашање тој истакна:

„Што прават сега со комисијата за посматрање од грмушка на реформиве. Знаете имате посматрачи од грмушка и оние кои ги прават реформите. Идеата се оние кои ги прават реформите. Кои се тие. Оние што гледаат, оваа сега комисија за посматрање од грмушка тие кажуваат добро е, побрзо, поспоро. Треба некој да ги направи реформите. Нас ни се битни тие што ги прават реформите дали знаат. Тоа не можеме да видиме. Овој состав е катастрофа во правда на чело со заменикот“.

Фрчковски е само последен во низата познавачи на политичките состојби во Македонија, а близок до власта, кој излезе со суштински критики на владеачката СДСМ.

Коронавирус