понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 18
home Вести

Фрчкоски: Владата направи многу лоши проценки затоа правдата сега е клучна тема во вака сиромашна држава

Фрчкоски: Владата направи многу лоши проценки затоа правдата сега е клучна тема во вака сиромашна држава

Треба да се изведе чесна реформа во правосудството, но заклучокот ми е дека министерството за правда не прави вистински обиди за реформи, освен што се обидува да биде тефлон и ништо да не се залепи за нив, рече универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски на дебатата на телевизија 24.

Според него има серија на работи кои власта може да ги направи, ама не ги прави, тоа не ми е јасно.

-Тоа е работа на министерката за правда, ако не може сама да седне со експерти и треба да направи еден мини реформски пакет. Можеа да направат низа на промени. Ако имате промени кај судиите ќе се заврши работата и не ви требаат сите овие дебати сега што ги водат. Потоа дизајнот на ветингот треба да е поинаков кај нас отколку оној во Албанија, затоа треба да се разговара каков ветинг треба овде. Ветингот треба да се издизајнира тоа е клучно. А сега ќе платат изборна цена што не елиминираа одреден број судии, и сега кој стигне ги плука сите судии, рече Фрчкоски.

Сега вели тој тие направија ништо да не функционира, системот не може да функционира не се направени избори за низа на тела во државата.

-Прв пат правдата доаѓа на ред како како приоритет, тоа покажува колку лоша проценка направила Владата. Тоа е многу лоша проценка. Правдата е фокус во вака сиромашна држава, рече Фрчкоски.

Коронавирус