понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Фрчкоски: Пендаровски го изгуби своето време во дебатата и имаше тотално глупава тактика

Фрчкоски: Пендаровски го изгуби своето време во дебатата и имаше тотално глупава тактика

Љубомир Фрчкоски во вчерашното гостување на емисија на 1ТВ посочи дека Пендаровски во дуелот беше доста слаб и блед.

-Пендаровски беше блед во целата приказна беше импресиониран можеби од својата колешка. И имаше една сосема погрешна тактика да поставува наводно прашања кои требаше Силјановска да ја стават во незгодна позиција, за 10 секунди. А, она после користеше за две минути да му држи лекции и да му објаснува. И таа му го украде времето во дебатата. А, Пендаровски го изгуби своето време и имаше тотално глупава тактика, посочи Фрчкоски.

Фрчкоски дополни дека Пендаровски треба да се подготви, не може алудирајќи на политичка разумност да влезе во дебати кои се врзуваат и за определена правна структура.

Коронавирус