сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 88
home Вести

Фрчат вработувања: Кој ќе обезбеди плати за новите административци?

Фрчат вработувања: Кој ќе обезбеди плати за новите административци?

На стотици наши сограѓани новата 2019 година ќе им почне на најдобар можен начин, ќе добијат вработување во државни институции. Во последните денови од минатата година и првите од оваа, весниците се преплавени со огласи за вработување од државни институции.

Последен пример е Јавното претпријатие за државни патишта, кое распиша оглас за вработување 84 инкасанти за наплата на патарина за плата од 19.760 денари. Во друг оглас за вработување на 16 лица, ЈП за државни патишта бара кандидати за советници и референти. Тоа се вкупно 100 вработувања.

Исто така, ЈП за државни патишта распиша оглас за вработување на 16 работници на определено време до 31.12. 2019 година. Се бараат кандидати за советници за контрола на сообраќај, референти во контрола на сообраќај и референти техничари. Платите во завиност од работното место се движат од 19.760 до 33.540 денари.

Министерството за транспорт и врски ќе вработи 40 луѓе. Се бараат раководители на одделенија, на сектори, помошници на раководители, референти, помлади референти и советници. Најниската плата е 13.166 денари за позицијата помлад референ за документација, а највисоката 31.305 денари за помошник раководител на сектор за ЕУ. Според условите во конкурсот, 10 работни места се предвидени за Албанци, 3 за Турци, едно за Роми, а останатите за Македонци.

Управата за хидрометеоролошки работи објави оглас за вработување на 11 лица на определено време до крајот на годината. Се бараат кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија.

Министерството за надворешни работи бара 26 дипломати- приправници и помошно- стручни службеници.

– Како што Министерството за надворешни работи веќе објави, водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваат пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија, соопштија од МНР.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во Казнено- поправниот дом Идризово во кој се бараат помлади соработници, виши соработници и референти. Платите во завиност од работното место се движат од 15.689 до 23.257 денари.

Распишан е оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.

Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.

На овие вработувања, треба да се додадат и планираните заменици- директори во јавните претпријатија. Како што пресметаа неколку невладини организации, финансиските имплликации за воведување на вакви позиции може да се претпостави дека би изнесувале околу 2 милиони евра годишно на товар на граѓаните на РМ, ако се земе во предвид дека во државата постојат 129 јавни претпријатија.

Најнови вести

Локални избори 2021