вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 33
home Вести

Фрапантна разлика: Словенија вчера со 1.449 тестирања, Македонија со само 185 тестови?!

Фрапантна разлика: Словенија вчера со 1.449 тестирања, Македонија со само 185 тестови?!

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека вчера во земјата се направени 1.449 тестирања за новиот коронавирус, а три биле позитивни. За споредба, Македонија вчера тестираше само 185 лица, од кои 8 беа позитивни.

И двете земји имат сличен број на жители, бројката се движи околу 2 милиони. Логичното прашање е зошто Македонија прави само 10 насто од тестовите за коронавирус на населението, споредбено со Словенија, имајќи предвид дека нашата земја е втора по смртност меѓу екс Југословенските републики и се наоѓа веднаш зад Словенија.

Одговорот според познавачите на состојбите лежи во потребата на македонската влада за итни избори, кои треба да превенираат граѓаните на РМ да не ги почуствуваат последиците не економската криза која набргу ќе ја зафати Македонија, како логичен фит-бек на катастрофалното справување со кризата од страна на владата на Спасовски, на здравствен, но и на економски план.

Македонија според истражувањео на Вишеградската група, беше на самото дно според не/преземените мерки и влогот во справување на кризата на полето на економијата.

Инаку, намалување има и на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19 во Словенија, па така во медицинските центри во земјата болнички се лекуваат вкупно 53 пациенти, од кои 14 поради тешка форма на болеста се на одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа од болница во Словенија се отпуштени две лица, а едно почина како последица на болеста со што досега вкупно 99 Словенеци ја изгубија битката со новиот коронавирус

ЕУРО 2020

Македонија