недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

Француски клуч за влез во Унијата

Француски клуч за влез во Унијата
French President Emmanuel Macron speacks as he visits Station F startup campus in Paris, on October 9, 2018. (Photo by LUDOVIC MARIN / various sources / AFP) (Photo credit should read LUDOVIC MARIN/AFP/Getty Images)

Неколку часови пред денешниот министерски состанок во Луксембург, официјален Париз не ја открива својата позиција во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ.

Сите обиди да се добие официјалната позиција на Париз во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во Еврпската Унија, останаа без одговор.

Од службата за односи со јавноста на Министерството за надворешни работи не беа во можност да одговорат на телефонските и писмените барања. Единствените информации засега доаѓаат од неофицијални извори, како наводниот меморандум објавен од Блумберг.

Париз според документот е против каков било датум за формални преговори со Албанија и Македонија, пред ЕУ да ја заврши реформата на својата „методологија“. Со меморандумот што на 10 октомври, наводно, го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ, Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“.

Од Кеј Д’Орсеј ни беше речено дека официјалниот одговор и француската позиција ќе бидат познати наскоро.