четврток, 4. март 2021. Вести денес: 145
home Вести

Француски борбени авиони ќе летаат над македонско небо?!

Француски борбени авиони ќе летаат над македонско небо?!

Грчкиот парламент го изгласа предлог законот за набавка на 18 борбени авиони „рафал“ од Франција.

Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос во своето излагање во парламентот ги повика сите партии да гласаат за предлог-законот, за да се „испрати силен сигнал во секоја насока дека Грција е решена да ги заштити своите суверени права, да се соочи со секоја провокација и безбедносна закана во поширокиот регион“.

Грција ќе набави шест нови и 12 половни воени авиони, а трошоците за таа набавка изнесуваат 2,49 милијарди евра.

Освен набавката, цената ги вклучува и трошоците за одржување, како и набавка на опрема за оружјето на авионите.

Како што јавуваат грчките медиуми, на крајот на месецот во Атина ќе биде потпишан договорот за авионите со министерката за одбрана на Франција Флоренс Парле.

Првите шест авиони треба да стигнат во период од шест месеци по потпишувањето на договорот, односно секој месец по еден авион.

Како што е познато, од неодамна Македонија како членка на НАТО потпиша договор дека Грција ќе го брани македонското небо, па по се изгледа дека овие авиони покрај моменталните Ф-16 кои ги поседува Грција и овие авиони ќе бидат користени за прелет над македонското небо.

Коронавирус