недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Франција се уште нема донесено конечна одлука за датум за преговори за Македонија

Франција се уште нема донесено конечна одлука за датум за преговори за Македонија

Земјите членки на ЕУ треба да постигнат согласност за датумот за преговори до 15-ти октомври кога во Луксембург ќе се состанат министрите за надворешни и европски прашања, а датумот за Македонија и Албанија ќе биде една од главните теми на дневен ред.

Според високи дипломатски извори во Брисел, атмосферата е позитивна за Македонија, многу помалку за Албанија, посебно по гласањето на германскиот Парламент, кој постави услови за Тирана. Се огласи и холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок, кој во Парламентот посочи дека двете земји треба да се оценуваат одделно и дека напредокот во земјава е поголем отколку во Албанија.

В среда, земјите на ЕУ се состануваат на амбасадорско ниво и ќе разговараат, меѓу другото, за датумот за преговори.

– Се надеваме дека до среда ќе имаме повеќе информации од францускиот амбасадор во поглед на нивниот став за ова прашање, знаете дека е потребна едногласност по ова прашање, вели за МИА дипломат од западна земја членка на ЕУ инволвиран во подготовките на претстојниот Совет за општи работи.

Од француска страна за сега одбиваат да соопштат какви било детали околу нивната позиција до медиумите.

Одлуката за отворање преговори со Македонија и Албанија беше одложена минатиот јуни поради гласањето во германскиот Бундестаг, кое конечно се одржи минатата недела.

Одредени земји членки на Унијата, кои имаат резерви кон проширувањето додека не се реформира ЕУ, размислуваат за задржување во „пакет“ на двете земји за да може да се одложи повторно прашањето, но со последните одлуки во Германија и Холандија станува сѐ поизвесно дека се оди кон одвојување на двете земји. Останува да се види во кој облик и со какви заклучоци.

Коронавирус