среда, 28. јули 2021. Вести денес: 113
home Вести

ФОТО: Злоупотреба на службеното возило во Пошта- шефот на службата  за безбедност во Скопје на пикник на езерото Младост во Велес

ФОТО: Злоупотреба на службеното возило во Пошта- шефот на службата  за безбедност во Скопје на пикник на езерото Младост во Велес

Шефот на службата за безбедност во Скопје кој е од Велес врши злоупотреба на службената дејност, тврди извор за КУРИР.

Имено тој викендов со возило во сопственост на Пошта кое му е дадено за целите на оваа институција се прошетал на пикник покрај велешкото езеро Малдост.

Доказ за сето ова се фотографиите кои ни ги достави нашиот извор.

Инаку вработениот во Пошта е со потекло од Велес, но тоа не му дава за право освен за целите на институцијата да си прави и приватен пикник во недела попладне покрај езерото, додава изворот.

Тој додава дека во Пошта веќе започнале и да им доцнат платите поради нестабилната ситуација во земјава која трае од почетокот на пандемијата во светот и кај нас.

Коронавирус