вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Заев со преполни автобуси од Струмица, Пробиштип и Македонски Брод се обиде да ги убеди Штипјани да гласаат „ЗА“ на референдумот

ФОТО: Заев со преполни автобуси од Струмица, Пробиштип и Македонски Брод се обиде да ги убеди Штипјани да гласаат „ЗА“ на референдумот

Премиерот Зоран Заев ја почна теренската кампања во пресрет на референдумот и патува низ градовите да ги убеди граѓаните дека треба да гласаат ЗА договорот со Грција и промена на уставното име на Република Македонија.

По дебаклот што го доживеа во Кочани попладнево, вечерва тој е во Штип каде има околу 500 граѓани.

На лице место можеше да се забележи дека се носеа и граѓани со три автобуси, четири комбиња и многу автомобили.

Инаку преполните автобуси, комбиња и автомобили беа со регистарски таблички од Кочани, Пробиштип, Струмица и Македонски Брод.