понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 22
home Вести

ФОТО: Заев ги брише АСНОМ и Македонија- реакции на социјалните мрежи

ФОТО: Заев ги брише АСНОМ и Македонија- реакции на социјалните мрежи

Откако вчера во јавноста излезе веста дека Бојан Маричиќ кој раководи со Министерството за правда одбил да стави потпис на пристигнатото барање за регистрација на „Здружението на граѓани: Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија АСНОМ Скопје“, социјалните мрежи буквално се кренаа на нозе.

Граѓаните револтирани од власта особено од Зоран Заев и Бојан Маричиќ упатија остри критики и разочараност преку социјалните мрежи.

Еве дел од нив:

„По промената на името, согласно Преспанскиот договор, од Уставот беа избршани одлуките на АСНОМ, а остана само Прогласот на АСНОМ. Со толкувањето на Министерството за правда, сега не се дозволува користење на оваа кратенка во име на здружение на граѓани.
Пак да си ги гласате СДС“.

„Без фундаменталните документи на АСНОМ, во кои е содржан сиот мултиетнички, мултиконфесионален, мултијазичен карактер на Македонија, сосе сите различности што ја прави земјата преубава, што останува?
Дали Владата воопшто знае каде тера?“

„Според Маричиќ не само Македонија и Р. Македонија, туку сега и АСНОМ е спорно? „Согласно Преспанскиот од Уставот беа избршани одлуките на АСНОМ остана само Прогласот на АСНОМ.“

Па во Одлуките на АСНОМ е содржана цела мултикултурна Македонија со сите нации, јазици, религии!“.

Вчера Македонија, денес фашистичките Андарти од СДС го забрануваат и АСНОМ. Down pointing backhand index

Следно е, да не апсат по улици.

Welcome to 1913

#Антимакедонизам
#СФСН
#Фашисти

Инаку во месец октомври минатата година здружението не доби дозвола за регистрација, а како образложение било дека поради промената на името, согласно со Преспанскиот договор од Уставот беа избришани одлуките на АСНОМ, а остана само Прогласот на АСНОМ.

Со толкувањето на Министерството за правда, сега не се дозволува користење на оваа кратенка во име на здружение на граѓани.

ЕУРО 2020

Македонија