вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 170
home Вести

ФОТО: „Врие“ пред влада, се бара оставка од Заев

ФОТО: „Врие“ пред влада, се бара оставка од Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го започна протестот со автомобили, кој го најави по вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС.

Протестот што партијата го најави како „сенароден и натпартиски“, се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“.

Според фотографиите кои ги направи нашиот фоторепортер, може да се забележи дека граѓаните масовно со над 1.000 автомобили излегоа да му кажат едно големо НЕ на Заев и неговите пробугарски ставови.

Поради ситуацијата со ковид-19, протестот се одвива со автомобили. Започна од пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Карпош, а во моментов автомобилите се движат низ скопските улици и треба да завршат пред Владата.

Во повикот за протестот од опозициската партија апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анационална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродадат националните интереси на Македонија“.

„Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред почетокот на протестот.

Најнови вести

Коронавирус