понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

(Фото+ВИДЕО) Како се одвиваше првата трансплантација на срце во Македонија

(Фото+ВИДЕО) Како се одвиваше првата трансплантација на срце во Македонија

Првата трансплантација на срце што беше изведена ноќеска на Клиниката за државна кардиохирургија е успешна, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша Филипче.

„Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !!, напиша утрово на фејсбук профилот Кристијан Бундовски од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ споделувајќи притоа и фотографии од операцијата.

„Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” !“, напиша Бундовски.

Претходно синоќа, министерот за здравство Венко Филипче , ја најави операцијата. „Тимот е под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) се подготвува за трансплантација. Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите“, напиша Филипче пред почетокот на операцијата.

Oперацијата се изврши на Клиниката за кардиохирургија.

Инаку, порталот новатв.мк пишуваше дека уште во февруари во ресорното министерство најавиле дека годинава за прв пат трансплантацијата на срце е вклучена во Програмата за трансплантација, а предвиден е и буџет за нејзина реализација.

На постот е прикачено и видео од операцијата.

Коронавирус