сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Утре протест за правда за Никола Груевски пред основниот суд Скопје 1

ФОТО: Утре протест за правда за Никола Груевски пред основниот суд Скопје 1

Група граѓани и симпатизери на поранешниот премиер на Република Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалните мрежи организираат мирен протест за правда кон него.

Протестот на Фејсбук е најавен за утре ден 07.11.2018 (среда) во 19 часот пред основниот суд Скопје 1 Скопје.

На нивната Фејсбук страна пишува дека цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.

За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!

Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!, стои во нивното соопштение до јавноста.

Во продолжение ТУКА можете да се приклучите на настанот за поддршка на Груевски.

Најнови вести

Коронавирус