недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

ФОТО: Учениците од ,,Димитар Влахов“ со допир го запознаа претседателот Пендаровски

ФОТО: Учениците од ,,Димитар Влахов“ со допир го запознаа претседателот Пендаровски

,,Моите денешни гости, од училиштето ,,Димитар Влахов“, не потсетија колку е важно да гледаме со совеста и да се фокусираме на способностите. Задача ни е да направиме заедно простор, за секој од нас да има еднакви шанси за развој, образование и пристап до услуги“-напиша на својот ФБ профил Пендаровски.

Учениците од специјалното училиште ,,Димитар Влахов“ го посетија Претседателот на Меѓународниот ден на белиот стап.

Тие посакаа да истражат како изгледа претседателскиот кабинет.

Но, некои од нив ги покажаа своите таленти.

,,Одлични шахисти и талентирани музичари, кои светот го гледаат со душата и срцето. Прекрасна дружба со децата со оштетен вид од училиштето „Димитар Влахов“.

Унапредувањето на нивните права треба да биде наш заеднички приоритет, кој не смее да се сведе на активности еднаш годишно, туку сите 365 дена, системски, на сите нивоа и во сите сфери на општествениот живот“-апелира Пендаровски.