четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Вести

ФОТО: Тимот за заштита од пожари на Словенија пристигна во Македонија, ќе помагаат во Берово

ФОТО: Тимот за заштита од пожари на Словенија пристигна во Македонија, ќе помагаат во Берово

По помошта од Србија, во Македонија денеска пристигна и ветената помош за справување со пожарите и од Словенија,

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека сенеска во граничниот премин Табановце директорот Беким Максути го пречекал конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија.

Тимот е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила.

Во координација на ДЗС конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот.

Коронавирус