недела, 27. септември 2020. Вести денес: 102
home Вести

ФОТО: Тепачите од Штип на распит во суд, Обвинителството бара притвор

ФОТО: Тепачите од Штип на распит во суд, Обвинителството бара притвор
ТВ Стар

Локалната телевизија Тв Стар објавува дека С.А. и П.Р. од Штип во моментов се на распит кај судија на претходна постапка Олгица Павлова и треба да го слушнат обвинението и да се изјаснат по него.

Во Судот во Штип, тие беа донесени директно од полициската станица со полициско обезбедување. Одлуката на судијката дали ќе бидат притворени или ќе се бранат од слобода се очекува.

Во меѓувреме Основното обвинителство поднесе предлог за определување притвор, под сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од Обвинителството.

Коронавирус