сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

ФОТО: Со ова решение уште еднаш се потврдува дека граѓаните на Гази Баба беа изманипулирани со лажни ветувања за почист и поздрав воздух

ФОТО: Со ова решение уште еднаш се потврдува дека граѓаните на Гази Баба беа изманипулирани со лажни ветувања за почист и поздрав воздух

На 5-тата седница на Советот на Општина Гази Баба оддржана на 15.01.2018 година, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ предложи сет на мерки за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух.

За време на расправата по точката, советничката група на СДСМ, ДОМ и градоначалникот Борис Георгиевски ја напуштија седницата, додека градоначалникот Георгеивски спротивно на Законот за Локална самоуправа нареди и Општинската администрација да ја напушти седницата.

По 8 дена од оддржувањето на седницата, градоначалникот на општина Гази Баба донесе решение за запирање од објавување во службен весник на усвоените мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух од страна на Советот на Општина Гази Баба.

Со ова Решение уште еднаш се потврдува дека граѓаните на Општина Гази Баба на последните избори беа манипулирани со лажни ветувања за почист и поздрав воздух.

Коронавирус