среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 148
home Вести

ФОТО: Снег на Стража

ФОТО: Снег на Стража

По најавите на метеоролозите, обилни снежни врнежи вчера ја зафатија и Стража.

Од АМСМ информираа дека има имало забрана за движење на товарни возила на овој патен правец, која е укината доцна синоќа околу полноќ.

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови 11 сантиметри, додека во Берово снежната покривка изнесува осум сантиметри и на Попова Шапка шест сантиметри.

Снег има и во Пожаране девет сантиметри, во Крива Паланка, Лазарополе и Штип три сантиметри, во Тетово и Крушево два сантиметри и во Битола еден сантиметар. Снег нема само на крајниот југозапад и крајниот југоисток од државата.

Утринава е облачно, а на места се уште провејува слаб снег и дува слаб до умерен северен ветер.