вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 17
home Вести

ФОТО: Снајпер, пари, панцири… еве што најде МВР во вчерашната акција

ФОТО: Снајпер, пари, панцири… еве што најде МВР во вчерашната акција

При реализацијата беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОКП, ОСПО, ОКТИВ и други организациони единици од МВР, при што претреси беа извршени на повеќе различни локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да ја напушти државата, а лишен од слобота беше на меѓународниот аеродром “Скопје“, со поголема количина на парични средства. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом.

Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење.

Дополнително, за пронајденото огненено оружје ќе бидат поднесени кривични пријави и за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од КЗ на РМ, а МВР ќе ја прошири истрагата кон полициски службеници за кои во текот на истрагата се обезбедени информации и основи на сомневање за поврзаност со припадниците на оваа организирана криминална група.

 

Коронавирус