Силниот дожд не ги спречи Беровчани да излезат на протест и да побараат оставка од премиерот Зоран Заев.
И покрај нневремето кое го зафати овој дел од земјата, граѓаните со автомобили излегоа на протест и побараа оставка од Заев за слобода на народот.
Вечерва со почеток од 18 часот ВМРО-ДПМНЕ организира протести во 20 градови низ Македонија на кои се бара оставка од Заев, а поради преговорите и нелогичните барања од страна на властите во Бугарија на на сметка на целиот македонски народ.
Инаку, попладнево од 16 до 17 часот, ВМРО-ДПМНЕ блокираше три раскрсници во централното подрачје на главниот град. Улицата пред Влада, пред МНР и пред Министерство за правда.