недела, 17. февруари 2019. Вести денес: 8
home Вести

ФОТО: Се зголемуваат објавите со јавна поддршка на Ѓорчев за претседателски кандидат

ФОТО: Се зголемуваат објавите со јавна поддршка на Ѓорчев за претседателски кандидат

Откако пратеникот Владимир Ѓорчев, ја објави кандидатурата за претседателски кандидат на претстојната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката за него од ден на ден се зголемува.

Поранешниот амбасадор на Република Македонија во НР Кина и во Малта, Оливер Шамбевски, јавно на Фејсбук, ја изрази неговата поддршка за Ѓорчев.

-Владимир Ѓорчев го познавам повеќе од 20 години. Вчера прочитав дека ќе поднесе кандидатура на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија и најискрено мислам дека е одлично решение од неколку аспекти.

Владимир е исклучително посветен човек на идеалите кои ја формираа оваа држава. Тој во ВМРО-ДПМНЕ е постојано и е активен од самите нејзини почетоци, а кога ова го зборам ги имам предвид и помалку тешките години за ВМРО, но особено ги имам предвид тешките години за ВМРО.

Заради природата на мојата работа како амбасадор сум бил сведок на неговата исклучителна популарност кај меѓународната заедница и тоа во неколку наврати. Неуморен е во градењето пријателства со влијателни луѓе во меѓународната заедница и сметам дека тоа многу ќе и помогне на Македонија, напиша Шамбевски.

Ѓорчев доби поддршка и од Александар Спасеновски, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Искрено верувам дека тивкото мнозинство наши сограѓани со тебе ќе добие автентичен мотивиран претставник кој ќе знае како да ги заштити и унапреди заедничките интереси за семејството, за заедницата и за државата. – порача Спасеновски на Фејсбук.

Ѓорчев доби поддршка и од Мери Георгиевска, ќерка на Љубиша Георгиевски.

-Голема благодарност за поддршката до Мери Георгиевска, ќерка на големиот Љубиша Георгиевски. Со него се познававме точно 22 години.

Голема почит и благодарност, напиша Ѓорчев.

Тој доби поддршка и од актерот Петар Темелковски.

-Нашиот голем македонски актер и патриот Петар Темелковски ме замоли да ја пренесам следнава негова порака:

Брату Влатко,

Ти давам целосна поддршка за кандидатурата за Претседател на Република Македонија.

Навистина се израдував кога слушнав за твојата кандидатура. Те познавам од дете и ги знам нашите заеднички македонски идеали.

Израсна во личност која треба да ја добие довербата да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на нашата сакана Македонија.

Со моите 72 години подготвен сум неуморно да појдам низ цела Македонија во твојата кампања.

Сакам од срце да се израдувам на твојата победа заедно со нашиот македонски народ и целото членство на ВМРО-ДПМНЕ.

Братски поздрав,
Петар Темелковски, напиша Ѓорчев во својот Фејсбук статус.

Ѓорчев инаку доби и многу голема поддршка од бројни симпатизери кој постојано ги објавува на својот Фејсбук профил.

Сите можете да ги погледнете ТУКА.

Инаку Конвенцијата за избор на претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 16 февруари во Струга.