сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Се` уште гори Попова Шапка

ФОТО: Се` уште гори Попова Шапка

И утрово гори на Попова Шапка.

-Центар за управување со кризи вчера објавиле дека има нов пожар над селото Лисец, на непристапен терен и хелихоптери на армијата се упатиле да го гасат пожарот. Дирекција за заштита и спасување вчера исто испратила авиони во помош на пожарникарите од Тетово, велат од Иницијативата О2 и додаваат:

„Според последните информации на ЦУК, вчера е запалена дабова шума над с. Копаница во о. Сарај.
Шумскиот пожар кај манастирот Св.Преображение кон селата Арилево и Горно Дивјаци, во о. Крушево, кој трае од саботата сабајле уште не е изгаснат. Пожарот во атар на с. Маргари во о. Прилеп е сеуште активен.
Шумски пожар од неделата попладне има кај Стипта во атар на с. Градешница, о. Новаци, поради непристапноста на теренот гаснењето е отежнато. Пожарот над село Ќафа во Охридско уште не е изгаснат. Се слушаат чести надлетувања во Скопје сабајлево, да се надеваме дека се упатени да ги изгаснат активните пожари во моментов низ државава“.

Најнови вести

Коронавирус