среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 132
home Вести

ФОТО: СДСМ не успеа да ја наполни салата Борис Трајковски

ФОТО: СДСМ не успеа да ја наполни салата Борис Трајковски

Долгонајавуваната завршна трибина на СДСМ која денеска се одржа во салата Борис Трајковски во Скопје, доживеа фиаско.

Доказ дека СДСМ се соочува со голема недоверба кај граѓаните е полнењето на салата со граѓани од целата земја, наместо на трибината да бидат присутни само жителите на главниот град.

Но, и покрај големиот број на автобуси донесени од внатрешноста на Македонија, Заев не успеа да ја наполни салата.

Имено до редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии од револтирани граѓани кои се жалат на блокираниот град од автобусите кои се буквално дојдени од секое место во земјава и истите биле преполни со активисти на СДСМ.

Доказ дека СДСМ и Заев се пред пораз на 12 април како што во многу наврати говори опозициската ВМРО-ДПМНЕ се преполните автобуси од цела Македонија кои едвај ја наполнија салата Борис Трајковски.