четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Вести

ФОТО: Реки народ се слеаа пред Владата на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: Реки народ се слеаа пред Владата на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ

Реки народ на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ се слеаа пред Владата на Република Македонија.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ вчера под мотото „Премногу е!“ го организираше најголемиот и најмасовен протест што досега го одржала една партија во Македонија.

Според медиумите во земјата, а и од регионот на овој величествен протест како што го нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваа од 80 до 100 илјади граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото – Премногу е!

Тој потенцира дека ни е потребно е обединување и општествена поддршка. Кажа дека нема инстант победи, но дека ВМРО-ДПМНЕ почнува и од сега па натаму продолжува низ градовите и улиците да се бори. До конечен пад на оваа корумпирана и криминална власт.

Да ја вратиме надежта и еланот во нашите срца како тој 8 септември 1991 година. Овие избори да не бидат избори за власт, туку референдум за Македонија. Да дојде нова генерација способни луѓе која ќе направи нов пресврт, нова страница и нова епоха за Македонија, потенцираше тој.

Мицкоски кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.

Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски.

Коронавирус