понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Протестите за почист воздух во Кочани продолжуваат и утре

ФОТО: Протестите за почист воздух во Кочани продолжуваат и утре

Кочанчани и утре на протест.

Жителите на Кочани кои денес протестираа поради загадениот воздух најавија дека истото ќе го направат и утре.

На денешните протестот беа истакнати транспаренти со пораки до локалната и централната власт кои што заборавија на своите ветувања кои ги имаа дадено пред да дојдат на власт.

На транспарентите пишуваше: „Сакаме ист воздух“, „Здравјето нема цена“, „Не ја загадувај мојата иднина“, „Нема воздух, нема мир“.

Граѓаните велат дека градоначалникот на Кочани заборави дека лично тој е одговорен за заштитата на животната средина. Николчо Илијев е најодговорен и за работата на КЈП Водовод под чија ингеренција е депонијата во Кочани, која е најголемиот загадувач на животната средина во Кочани.

Граѓаните на Кочани му порачаа на градоначалникот дека е време власта да се освести и да ги испорача ветуваните проекти.

Коронавирус